Центарот за економски анализи на 20ти декември 2017, го презентираше документот: Мониторинг на исполнувањето на мерките од Итните демократски реформи и планот 3 6 9 во Република Македонија во делот на јавните финансии. Целта на презентацијата и документот е  да даде осврт на Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија и што таа содржи во делот на Јавни финансии и економија и да се даде независна оценка за напредокот од исполнувањето на мерките кои се идентификувани од граѓанскиот сектор на Република Македонија, а објавени во документот „Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи”.

Во презентацијата на документот, Д-р Марјан Николов, Претседател на ЦЕА го истакна следото: Сакаме да укажеме дека Владиниот план 3-6-9 од јули 2017 година разочарувачки не содржи планови и препораки за подетални аспекти, мерки и активности во областа на јавните финансии и економијата освен што информира дека (во поглавјето за реформи на јавната администрација) ќе се започне инклузивен дијалог на Нацрт програмата за управување со јавните финансии 2018-2021 година.

Додека во Планот 3-6-9 + од ноември 2017 година, повторно во поглавјето Реформа на јавната администрација и добро управување, освен Усвојувањето на Програмата за управување со јавните финансии 2018-2021 година (со рок 12/2017), како мерки се наведуваат и Објавување на Граѓански буџет за буџетот на 2018 година (со рок 11/2017), Јавни консултации за реформа на системот за јавни набавки и прифаќање на сугестиите на СИГМА во поглед на системот за јавни набавки и советот (со рок 11/2017), и изготвување на Документ за политика за реформи во јавната внатрешна финансиска контрола (со рок 3/2018)”.

Повеќе за исполувањето на мерките во Нацрт Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021, Реформа на јавната администрација, Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи и економскиот дел воопште, можете да го погледнете на следниот линк .

25624680_10215362449603370_1761226706_o 25625298_10215362450163384_2103703534_o 25625629_1737508559592544_1426199566_o