Целта на оваа Јавна реакција, како и досегашните анализи и информации кои ги презентира Центарот за економски анализи –ЦЕА претставува независно и темелно да ја информира јавноста за за ризиците кои постојат по јавните финансии во Републиката, а чиј што интензитет и веројатност за настанување се зајакнуваат со последната најава за издавање на еврообврзница.

Процесот на издавањето  на Еврообврзницата е нетранспарентна, води до натамошно влошување на одржливоста на јавните финансии на Република Македонија, ја амнестира фискалната недисциплина и е вовед кон натамошно задоволување на апетитите на клиентите на владеачката гарнитура во политичкиот процес.

Детали за итни реформски во јавните финансии и општо во системот на парламентарна демократија за Република Македонија има во документот Итни демократски реформи на граѓанскиот сектор на Република Македонија.

Препораки:

  •  Секое натамошно надворешно задолжување треба да бидат строго наменски и не за сите буџетски намени и да биде проследено со условувања од меѓународните финансиси институции.
  • Еврообврзницата треба да се преиспита во нејзината висина и да се стави во рамка на национален консензус.
  • Владата треба под итно да ги консолидира јавните финансии и за да не го загрози растот на економијата да открие фискален простор со барем ставање под мраз на сите ад-хок решенија.
  • Ова е важно бидејќи сме свесни дека политичката сензитивност и тежина на „земјата со најниски даноци“ секако нема да донесе зголемување на даноците преку даночни политики туку очекуваме луцидни зголемувања на даночна база, казни и квази-фискални оптоварувања. Вакви политики само водат кон правна несигурност, натамошна фрагментација и раслојување на населението и натамошна недоверба во јавниот финансиски систем на Републиката.
  • Во таа насока укажуваме и на документот Предлогот за итни демократски реформи на група граѓански организации кои го подржуваат и ова Соопштение за јавност. Во тој документ има низа на предлози за подготовка на владина програма за спроведување на клучните приоритети за нацијата.
  • Во делот на јавните финансии укажуваме на важноста да се ресетираат општите принципи за јавните финансии:

o   враќање на фискалната дисциплина;

o   воспоставување на фискална транспарентност.

Целосното соопштение можете да го погледнете на следниот линк.