Почитувани,
Центар за економски анализи (ЦЕА) и партнерите Сумнал, Светла Иднина, Сонце во рамки на проектот Вработување на млади Роми, финансиран од ЕУ, ИПА ЧР објави оглас за пријава за практиканти во граѓански организации за период од два месеци за младите невработени Роми од Град Скопје, општина Тетово, Битола и Кочани за унапредување на нивните знаења и вештини за полесен пристан на пазарот на труд.
Цели: Со цел унапредување на вештините за вработливост на младите со квалификации а на кого му се потребни вештини за унапредување на вработливоста и практично работно искуство, проектот учествува во обезбедување на простор за заинтересирани за својот развој преку практикантска работа на млади лица со склоп на организациите – партнери.
Услугите на проектот опфаќаат прибирање на пријавите и потребите за практиканти, селектирање и симболична парична надокнада до два месеци за практикантите.
Интерес за учество во проектот можат да најават сите заинтересирани невработени лица, на возраст од 18 до 35 години кои се жители на наведените општини од ромска националност со приоритет на лица со високо образование или во процес на завршување на високо образование.
Доколку сте заинтересирани повеќе информации, услови, критериуми и начини на пријава повеќеинформации може да најдете на линкот https://www.facebook.com/romayouth/.

Доколку сте заинтересирани за практично учење во склпо на Центарот за Економски Анализи – Скопје повеќе информации може да најдете на следниот линк 

КОНТАКТ: Е-маил: romayouth2016@gmail.com со назнака: Практиканство во ГО Проект: Вработување на млади Роми Центар за економски анализи Бул Јане Сандански 63/3 1000 Скопје 02/2444766 Проектот е поддржан од ЕУ програмата ИПА Човечки ресурси. Повеќе информации достапни на https://www.facebook.com/romayouth/